28.11.2011, 15:24 МОК потпиша договор за соработка со Францускиот олимписки комитет
Генералните секретари на Македонскиот и на Францускиот олимписки комитет, Сашо Поповски и Жан-Пјер Мужан, потпишаа олимписки договор за соработка во областа на спортот. Според овој договро кој беше склучен за време на одржувањето на Генералното собрание на Европските олимписки комитети, во периодот од 23 до 25 ноември, во рускиот град Сочи, македонските потенцијални олимпијци ќе ги имаат на располагање спортски ресурси кои ги нуди Франција, а кои можат да им бидат од корист на нашите спортисти.
Тука влегуваат и обуки за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација и сл.
Со договорот се регулира и соработката на МОК со Францускиот олимписки комитет во однос на програмите на Владата на Франција и продолжување на проектот за ангажирање на административци од Република Франција, кои би работеле за потребите на администрацијата на МОК.
|