29.11.2011, 14:29 Христо Стоичков можен нов министер за спорт на Бугарија
Бугарскиот фудбалски идол Христо Стоичков би можел да стане министер за спорт во Владата на премиерот Бојко Борисов, јавија денеска бугарските весници.
Според медиумите, добри односи на 45-годишнот Стоичков со премиерот Бојко Борисов би можело да му донесат најголема спортска функција во земјата веќе наредната година, кога актуелниот министер за спорт Свилен Нејков планира да се кандидира за ректор на Националната спортска академија.
Во текот на неодамна одржаните претседателски и локани избори во Бугарија, Стоичков ги поддржа кандидатите владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов.
Стоичков живее во Барселона, а неодамна Универзитетот во Пловдив го награди со почесната титула доктор на науки.
Стоичков, кој е роден во Пловдив, најголема популаронст стекна во 1994 година на Светското фудбалско првенство во САД каде беше најдобар стрелец, а бугарската репрезентација го освои четвртото место. Истата година тој беше прогласен и за европски фудбалер на годината.
Најдобариот фудбалер во светот на сите времиња е Бразилецот Пеле 2004 година го вклучи Стоичков на листата на 125-те најдобри живи фудбалери.
Стоичков кариерата ја започна во софиската ЦСКА, а играше и за Барселона, Парма, Чикаго и Ди-Си Јунајтед. Едно време беше и секретар на бугарската фудбалската реперезентација, а моментно се занимава со тренерска работа во Шпанија.
|