21.11.2011, 12:01 (ВИДЕО) Удар со чадор го прекина дуелот Гранада - Мајорка
Натпреварот помеѓу Гранада и Мајорка во рамките на 12. коло во Примера не го дочека својот крај, откако помошниот судија беше погоден со чадор од трибините.
Главниот судија го прекина дуелот во 63. минута при резултат 2:1 откако неговиот помошник доби удар во главата со чадор, заработувајќи исеченица на лицето.
Помошникот судија дотрча до главниот откако чадорот фрлен од трибините го погоди во главата. Полицијата наводно веќе го имала фатено разгневениот навивач кој го предизвикал инцидентот, но главниот судија Клос Гомез ги испрати фудбалерите во соблекувалните, прекинувајќи го мечот.
Ггостите дојдоа во водство преку Виктор во 24. минута а Гранада се избори за пресврт во вториот дел со головите на Сикеира во 54 и на Мартинс во 59 минута.
Останати вчерашни резултати: Реал Сосиедад - Еспањол 0:0, Спортинг Хихон - Хетафе 2:1, Осасуна - Рајо Ваљекано 0:0, Севиља - Атлетик Билбабо 1:2, Атлетико Мадрид - Леванте 3:2. Во саботата: Виљареал - Бетис 1:0, Барселона - Сарагоса 4:0 и Валенсија - Реал Мадрид 2:3.
Последниот натпревар помеѓу Расинг Сантандер и Малага е закажан за вечерва од 21 часот.
Табела: Реал Мадрид 31 бод, Барселона 28, Валенсија 24, Леванте 23, Севиља 18, Малага 17, Еспањол 17, Атлетик Билбао 17,... зс/вј/9:20
|