22.11.2011, 15:23 Визната либерализација може да се преиспита
Бројот на граѓани од Балканот кои се упатуваат во европски држави и бараат азил се зголемил значително откако ЕУ се согласи на патувања без визи.
Владите на државите членки на Унијата реагираа и предупредија дека целиот процес на визна либерализација може да биде ставен на разгледување, се наведува во документ од комесарот за права на човекот на СЕ, Томас Хамарберг.
Во 2010 година првата година по визната либерализација, Шведска прими 7.900 молби од српски граѓани, а Германија и Франција соодветно 6.500 и 5.800. речиси сите одлуки беа отфрлени, се додава во документот.
Македонската Влада донесе одлука за криминализирање на злоупотребата на слободниот визен режим со ЕУ додека и други држави од регионот преземаа слични чекори за да се спречи патувањето на одредени граѓани во држави од ЕУ. Тие граѓани кои сакаат да заминат во држави во ЕУ треба да ја објаснат причината за патувањето и да докажат дека може да го финансираат рпестојот како и враќањето во државата. Во случај одговорите да бидат незадоволителни, заминувањето може да биде забрането, јави БТА.
|