21.11.2011, 13:21 Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за три денари, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, дизелот ќе се продава по цена од 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 за 76 денари, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 77,5 денари за литар.
За три денари се зголемува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се продава по цена од 60 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 43,481 ден/кг.
Од Регулаторната комисија за енергетика посочуваат дека зголемувањето се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и на курсот на денарот во однос на доларот.
|