22.11.2011, 14:05 Изложба на кураторски проект на ДВД
ДВД-кураторски проект на Јованка Попова и на Ивана Васева утре вечер ќе биде презентиран на едновечерната изложба што ќе биде отворена во 20,30 часот во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.
Презентацијата опфаќа 22 кратки видеодела во селекција на Попова и на Васева, а е дел од поширокиот концепт на истоимениот интернационален видеоуметнички проект. Негова првична намера е формирање и обединување на млади уметници во отворен, разновиден и меѓународен амбиент, произлезен од потребата за прикажување нови и експериментални уметнички видеа, како и создавање услови проектот да функционира на ниво на достапна и на демократска платформа за уметничко дејствување.
Кураторската програма на видеопроекции „Hacked Places /Hacked Faces“ содржи видеодела од уметници од 10 земји од светот во која се вклучени куратори од 14 земји. (К.Б.)
|