21.11.2011, 11:19 Втор меѓународен фестивал на филмови снимени со мобилен

Ќе бидат прикажани дваесетина филмови во меѓународната програма и избраните од пријавените филмови.
КТ Филм и Медиа вечерва во ЕУ Инфоцентарот во Скопје го организира вториот Интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон. Фестивалот е под покровителство на мобилниот оператор ОНЕ, Делегацијата на ЕУ во Македонија и Амбасадата на Словачка.
Ќе бидат прикажани дваесетина филмови во меѓународната програма и избраните од пријавените филмови. Тие ќе се натпреваруваат за главната награда „Лале“ за најдобар филм, во чест на Ратка Илиевска-Лале, која беше посветена на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше голем број филмаџии, писатели и уметници.
|