22.11.2011, 12:15 „Заборавил“ милион долари во пицерија
Вработените во еден ресторан во Сиднеј пронајдоа денеска куфер со милион австралиски долари, а полицијата трага по сопственикот.
Полицискиот инспектор Ијан Прад изјави дека маж на возраст од околу 30 години облечен во сурферски бермуди и поткошула влегол со куфер во пицеријата.
- Потоа изгледа се уплашил и си заминал без парите, истакна детективот.
Полицијата не сакаше да го соопшти точниот износ на парите во куферот, нагласувајќи само „дека се работи за значителна сума“, додека австралиската ТВ станица Тен Нетворк јави дека во куферот се наоѓале милион долари во апоени од по 50 долари.
Вработените во пицеријата одбиле да го коментираат настанот, напоменувајќи дека се премногу зафатени за да даваат изјави.
|