30.11.2011, 14:21 Манчестер Сити по цели 36 години славеше кај Арсенал!
Единствениот погодок го постигна Агуеро во 84. минута од средбата. Последен пат Сити триумфираше кај „топчиите“ во 1975 година кога победи 3:2 на „Хајбери“
Звучи невројатно, но е вистинито. Манчестер Сити по цели 36 години стигна до победа на гостински терен против Арсенал во рамките на четвртфиналето од Карлинг купот. Единствениот погодок го постигна Агуеро во 84. минута од средбата. Последен пат Сити триумфираше кај „топчиите“ во 1975 година кога победи 3:2 на „Хајбери“.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Ливерпул кој славеше на гостувањето кај Челзи со 2:0, со двата гола на Родригез во 59 и 64 минута. Во третото четврфинале Кардиф го совлада Блекбурн исто така со 2:0.
|