30.11.2011, 13:27 Лазаров најефикасен со Арагон
Шесте гола, од кои два од седмерец, му беа доволни на Кирил Лазаров за да биде најефикасен играч на натпреварот во Сарагоса од 12. коло во шпанската лига Асобал, во кој неговиот Атлетико Мадрид извојува тешка победа од 26:24
Домашните го добија првото полувреме со 13:10 и имаа предност до 50 минута, кога водеа со 19:18, но во финишот пресуди квалитетот на тимот што до летоска се викаше Сиудад Реал.
Атлетико со максималниот ефект го задржа првото место на табелата со два бода повеќе од Барселона, која има меч помалку. (Р.Д.)
|