01.12.2011, 15:41 Хилари му испорача „сметка“ на Мјанмар
Режимот да ги прекине односи со Северна Кореја, а пофалба на реформите
Американската државна секретарка Хилари Клинтон вчера им ги испорача на Мјанмар првите пофалби за реформите, наведувајќи дека САД ќе поддржат повеќе помош за изолираната земја и размислува за враќање на својот амбасадор по отсуство од околу две децении.
Клинтон изјави дека имала „искрени, продуктивени“ разговори со претседателот Теин Сеин и со други министри во владата и им кажала дека Вашингтон е подготвен да поддржи дополнителни реформи додека земјата се обидува да излезе од децениската авторитарна воена власт.
Но, таа, исто така, го повика Мјанмар да преземе дополнителни чекори за ослободување на политичките затвореници и да стави крај на етничките конфликти, и наведе дека нема да биде возможно воспоставување подобри односи со САД доколку Мјанмар не го прекине незаконската соработка со Северна Кореја, која во повеќе наврати го вклучи алармот низ Азија со својата отпадничка нуклеарна програма.
„Претседателот ми кажа дека се надева оти ќе ги надградува овие чекори, и јас го уверив дека овие реформи ја имаат нашата поддршка“, изјави Клинтон во подготвените коментари на конференцијата за печатот по разговорите во Најпјатив, главен град на земјата. „Исто така, јасно укажав дека мерките што се преземени можеби се невидени досега, но тоа е само почеток“.
Посетата на Клинтон за ова земја (поранешна Бурма) е обид за приближување кон Зпад по повеќе од 50 години отуѓеност. Таа вчера требаше да замине за комерцијалната метропола Јангон, каде што ќе има една од двете средби со продемократски ориентираната лидерка Аунг Сан Су Ки. (Ројтерс)
|