04.12.2011, 11:37 Нечас: Еврото нема да пропадне, не треба да заплашуваме со апокалипса
Чешкиот премиер, Петр Нечас верува дека еврозоната поради актуелната должничка криза нема да се распадне, јави дописникот на МИА од Прага.
- Уверен сум дека нема да дојде до тоа кризно сценарио и на ниво на еврозоната нема да биде дозволено тоа да се случи, изјави Нечас.
Должничката криза која најпрво ја зафати Грција, Ирска и Португалија, почна да ги загрозува и Италија и Франција. Чешкиот министер за финансии, Мирослав Калоусек во врска со тоа изјави дека доколку падне еврото Чешка ја чека борба за преживување.
Тој изјави дека не го посакува крахот на еврото, но според него тоа не е „воопшто нереално“ и би имало судбинско влијание на социјалната држава.
Премиерот Нечас смета дека заплашувањето би можело да ја влоши ситуацијата.
- Би требало да бидеме многу внимателни со такви алармантни вести и да не заплашуваме со некаква апокалипса, смета Нечас.
Тој смета дека со зголемување на индиректните даноци би се решил проблемот доколку дојде до опаѓање на државните приходи. - Подобро е да се зголемат индиректните даноци, тие не го задушуваат економскиот раст, додаде премиерот на Чешка. сќ/ми/10:04
|