30.11.2011, 11:35 Почина албанскиот принц Лека Зогу
Албанскиот престолонаследник, принцот Лека Зогу, почина денеска во Тирана по кратка и тешко боледување, соопшти неговото семејство.
Претставничката за печат на албанското кралското семејство изјави дека принцот Лека починал како последица на проблеми со срцето и респираторниот систем, во болницата „Мајка Тереза“ во Тирана, каде се наоѓаше на интензивна нега последните петнаесет дена.
Принцот Лека (72) е единствен син на последниот албански крал Ахмет Зогу, кој дојде на престолот во 1928 година и владееше со земјата до италијанската инвазија на Албанија во 1938 година. По окупацијата кралското семејство било принудено да ја напушти Албанија, само два дена по раѓањето на принцот Лека Зогу.
Комунистичкиот режим во Албанија во 1946 година официјално ја укина монархијата и прогласил република. Принцот Лека Зогу со години живееше во странство и се врати во Тирана во 2002 година.
|