24.11.2011, 12:04 Земјотрес во регионот на јапонската нуклеарка „Фукушима“
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди реонот во кој се наоѓа јапонската нуклеарна централа „Фукушима“, која доживеа хаварија при силниот потрес и цунамито што ја погодија северосточна Јапонија во март годинава.
Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на потресот бил на 244 километри североисточно од Токио, на длабочина од 37 километри под океанското дно.
Нема инфромации за евентулани жртви и предизвикани материјални штети при потресот, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.
Во мартовскиот земјотрес со интензитет од 9,0 степени што ја погоди Јапонија, по што уследи и удар на цунами, загинаа или исчезнаа околу 22.000 лица.
|