| 24.11.2011, 13:40Уште пет жртви во Јемен 
 Најмалку петмина демонстранти се убиени од страна на лојалисти на јеменскиот претседател Али Абдула Салех во главниот град Санаа. Тие протестирале против договорот за трансфер на власта што му гарантира на Салех имунитет од судско гонење.
 
 Во средата Салех потпиша договор во Саудиска Арабија според кој тој ќе се повлече од власта по повеќе од 30 годишно владеење. Претседателот Салех се согласи да ја предаде власта на својот заменик по неколку месечни демонстрации. Во судирите има и многу повредени, се наведува во извештаите.
 
 Дописникот на АФП јави дека демонстрантите биле застрелани од вооружени цивили кои ги опиша како „насилниците“ на Салех, додека овие марширале кон центарот на градот. Најмалку четири тела однесени од местото на престрелката можеа да се видат во болницата во непосредна близина.
 
 Илјадници лица во Санаа се радуваа на информациите за претстојните заминување на Салех, додека пак други го отфрлија договорот. (Би-Би-Си)
 
 |