24.11.2011, 12:10 Тркалезна маса посветена на семејното насилство
Во рамки на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија - ИПА, денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Заштита од семејно насилство - жената и семејното насилство“.
Тркалезната маса ќе ја отвори народниот правобранител Иџет Мемети, а на темата ќе дискутираат заменик-народниот правобранител Невенка Крушаровска, омбудсманот на Арагон Фернандо Гарсија Висенте, како и Муриел д Годмон раководител на Комитетот на жената при Меѓународната организација за заштита на човековите права, Амнести интернационал, Франција.
На собирот ќе учествуваат и претставници од Министерството за труд и социјална политика, Националното координативно тело за борба против семејното насилство, Министерството за внатрешни работи, Основниот суд Скопје 2, Апелацискиот суд Скопје и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
|