27.11.2011, 10:26 Отворени денови на Министерството за земјоделство
Со денешното одржување на планираните средби и трибини во општина Струмица и во село Сушица, општина Ново Село, почнуваат Отворените денови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целта на проектот е преку отворена и транспарентна комуникација со земјоделците и граѓаните, да се изнајдат квалитетни решенија за проблемите во аграрот.
Во рамки на Отворените денови кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во наредната година производителите ќе имаат можност да разговараат со ресорниот министер Љупчо Димовски, неговиот заменик Зоран Коњановски, државниот секретар Бесир Јашари и со раководителите на секторите во подрачните единици на Министерството, да ги изнесуваат проблемите со кои се соочуваат и да даваат идеи и предлози за нивно надминување.
Средбите продолжуваат во Ресен на 3 декември, Тетово на 10 декември, Штип на 17 декември и Кавадарци на 24 декември. Трибините ќе се одржат во Демир Хисар на 3 декември, во Јегуновце на 10 декември, во Лозово на 17 декември и во Росоман на 24 декември.
|