28.11.2011, 13:14 „Утринска прошетка“ победник на „Анимакс Скопје Фест“
Анимираниот филм „Утринска прошетка“ (A Morning Stroll) од британскиот автор Гранд Орчад е добитник на Златната тула на првото издание на македонскиот интернационален фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ што вчера заврши во Скопје.
Добитник на Сребрена тула е филмот „Невреме“ (Overcast) од авторот Велислав Казаков од Канада, Бронзена тула доби „Тишината зад кората“ (The Silence Beneath the Bark) од француската авторка Лоана Лурие, а бугарскиот аминиран филм „Адаптација“ (Adaptation) ја доби специјална награда на Анимакс Скопје Фест.
Наградите ги додели интернационалната жири-комисија составена од канадската авторка на анимирани филмови Ан Мари Флеминг, српскиот професор по анимација и уметник Растко Чириќ и македонскиот аниматор Дарко Марковиќ.
|