02.12.2011, 13:58 Марадона: Пеле е на погрешни лекови
Легендарниот аргентински фудбалер, сега тренер, Диего Марадона вели дека поранешниот бразилски фудбалски ас Пеле е на „погрешни лекови“ кога може да каже дека Нејмар е подобар од Лионел Меси.
Марадона објасни дека младиот бразилски напаѓач е добар, но никогаш нема да биде како Аргентинецот Меси, кој оваа сезона постигна 16 гола за Барселона. Пеле и Марадона, кој моментно е тренер на екипата на Ал Васли од Дубаи, веќе неколку години се препукуваат. Пеле ја критикуваше работата на Марадона на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Сега вели дека Нејмар е технички подобар од Меси, меѓутоа треба уште да се докажува за да го достигне еден од најдобрите фудбалери во светот.
|