02.12.2011, 13:14 Шалке, Локомотив и Стоук во нокаут фазата на Лига Европа
Легендарниот шпански ас Раул Гонзалес со 74. гол на европска сцена му донесе на Шалке победа од 2:1 над Стеауа со која Германците обезбедија пласман во 16-финалето.
Екипите на Шалке, Локомотив Москва и Стоук, синоќа, по одиграното петто коло, обезбедија пласман во нокаут-фазата на Лигата на Европа. Во последното коло, што е на програмата за две недели, ќе се решат и последните девет патници во втората фаза од најмасовното европско клупско натпреварување.
Најголемите разочарувања синоќа беа Лацио и скапиот Пари Сен Жермен. Италијанците на гостувањето кај Васлуи одиграа само 0:0, иако со победа можеа да го заверат пласманот во следната фаза од групата Д.
Салцбург синоќа на домашен терен го совлада ПСЖ со 2:0 и со седум бода се израмни со „светците“ на второто место на табелата во групата Ф. Фаворитите како Андерлехт, Шалке, Спортинг, Атлетик Билбао и Локомотив Москва немаа проблеми да дојдат до победите против аутсајдерите.
Легендарниот шпански ас Раул Гонзалес со 74. гол на европска сцена му донесе на својот Шалке победа од 2-1 над Стеауа со која Германците обезбедија пласман во 16-финалето од Лигата на Европа.
Сепак, најинтересно беше во Еншеде и Стоук, каде што Твенте со минимални 1:0 го совлада Фулам, а Стоук со гол во второто полувреме успеа да се избори за 1:1 против Динамо Киев и да го обезбеди местото помеѓу најдобрите 32 екипи.
|