02.12.2011, 11:40 Објавени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“
Археологот Драги Митревски е добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2011 година во областа на воспитанието и образованието, соопшти денеска Министерството за култура.
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на оваа награда во областите воспитание и образование и во културата и уметноста.
Археологот Драги Митревски е добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2011 година во областа на воспитанието и образованието, соопшти денеска Министерството за култура.
Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на академикот и писател Луан Старова и Никола Фиданоски, ликовен уметник.
На годинашните добитници наградата ќе им биде врачена на 8 декември - Денот на Св. Климент Охридски, во Собранието на Република Македонија.
Одлуката за наградите ја донесе Одбор под претседателство на академик Вера Битракова-Грозданова.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, з��равството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.
|