04.12.2011, 11:45 Тадиќ: Да не се блокира примената на договорот Белград-Приштина
Српскиот претседател Борис Тадиќ им порача денеска на Србите на северот на Косово, а особено на нивните политички лидери, оти од нив очекува да го поддржат дијалогот постигнат во Брисел и да не ја блокираат неговата примена.
- Верувам дека ќе сакаат. Јас тоа го барам од нив, рече шефот на српската држава одговарајќи на новинарско прашање дали мисли оти Србите на северот ќе го прифатат денеска постигнатиот договор за граничните премини.
Тој нагласи дека тоа не го бара само од граѓаните, туку пред се од нивните лидери, кои не смеат да се кријат зад граѓаните.
Тадиќ исто така рече оти останува на ставот за потребата за отстранување на барикадите.
|