28.11.2011, 11:43 КФОР: Повреден припадник на меѓународните сили на Косово
Претставник на единицата на КФОР во Јагњеница, која утрово ја отстрани барикадата во тоа место, го информирал претседателот на општината Зубин Поток дека за време на акцијата е ранет еден нивен припадник.
Претставникот на КФОР побарал од претседателот на општината Славиша Ристиќ да ги повика Србите кои се собраа утрово на тоа место да се разотидат.
Ристиќ бил информиран дека КФОР планира во Јагњеница да воспостави контролен пункт и оти очекува од локалното население да отстрани нова барикада, која, по акцијата на КФОР, ја поставиле на околу 500 метри од местото на кое претходната барикада утрово е отстранета.
КФОР со своите возила го блокираше патот Звечан-Зубин Поток.
КФОР за време на акцијата утрово за разбивање на блокадата користеше водени топови и солзавец за да го принуди населението да се разотиде.
|