Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.11.2011, 15:46

Една песна за Калиопи



Нашата евровизиска претставничка во месец февруари ќе ја претстави песната со која ќе настапи во Азербејџан

Валентина Тодоровска


Во февруари ќе ја слушнеме песната со која Калиопи ќе настапи на Евровизискиот фестивал во Азербејџан, а јазикот на кој ќе се пее - ќе биде македонски, беше кажано на вчерашната прва средба на Калиопи со новинарите, во која нашата официјална евровизиска претставничка одговори на најразличните прашања поставени од седмата сила.

„Со изборот на една песна, со ваков модел се спречуваат разни шпекулации и е едно од решенијата целата енергија да се насочи на една музичка тема, а јас со целиот досегашен музички багаж ќе дадам се' од себе тоа да биде достоинствено претставување на Македонија“, рече Калиопи.

Околу самиот избор на песната таа ја раскажа желбата на своите фанови да настапи со балада, во таа насока ја спомна и француската претставничка Патриција Кас, која сама на евровизиската сцена направи чудо со извонредна интерпретација и видлива емоција. Секако, тема на размислување се и поп-песна, ама и композиција во која ќе има и многу од традиционалниот мелос. Тоа беше и јавен повик до сите автори што сакаат да напишат нешто за Калиопи.

Да потсетиме - претстојното 58. издание на најголемиот празник на европската песна „Евросонг“ традиционално ќе се случува во мај, овој пат во новоизградената кристална палата „Баку“ во Азербејџан.

Македонската радио-телевизија, како полноправна членка на Европската радиодифузна унија, за разлика од минатите години, кога изборот беше фестивалски, годинава реши да го одвои Скопскиот фестивал од домашниот Избор за песна на Евровизија, како посебен проект. Како што кажа Петар Ѕалев, главен и одговорен уредник на Првиот канал, одлуката е донесена по многуте направени анализи, а целта е да се подигне реномето на двете музички изданија. Патем веќе и се знае датумот на Скопскиот фестивал, кој е закажан за 13 ноември следната година.

На конференцијата за печатот, Калиопи призна дека се чувствува како на почетокот на кариерата – имено, во истото студио на МРТВ, во 1985 година таа беше првата гостинка во Утринската програма, по што и тргна музичката кариера, патувањата, концерти и, пред се', почнаа да се раѓаат најубавите песни.

„Ми треба вашата позитивна енергија и монолитност“, беше коментарот на Калиопи на едно од прашањата кое се однесуваше на 2004 година, кога нашиот претставник беше Тоше, наводно, беше бојкотиран од Калиопи како автор. „Ова е нашата заедничка приказна, македонска, да бидеме сложни, да протече убавата енергија како кога настапуваа нашите кошаркари, и така сплотени да тргнеме на ’Евросонг‘“.

Искрени луѓе и добра енергија - тоа е она што ми треба

Велат колку луѓе, толку карактери, па и реакции. Како реагираш на недобронамерни критики?

„Како... Не ми е убаво да го слушнам тоа и не можам да кажам дека не ме повредува. Често си мислам, колку луѓето не ме познаваат кога можат да ме стават во такви контексти. Но, со тек на време и јас научив да ги селектирам реакциите, да не ставам се' на срце. Често велам, луѓе мои, сите овие 35 години колку што сум присутна на музичката сцена, а бројот не е занемарлив, не дадов една дамка да падне на ова мое животче, се' делев со вас. Зар некому пречи мојата среќа? Па сите сме на ист колосек, ова е македонска приказна... Токму затоа, без колебање, без ронка страв, со една блаженост и спокојство во мојата душа, знам дека има многу луѓе што ми даваат поддршка“.

И понатаму си аполитична?

„Јас сум ѕвезда на мојот народ, на мојата публика. Овој народ и покрај тоа што многу се занимава со политика, можел да ја открие и мојата аполитичност. Факт е дека политиката не ми значи ништо, таа ми е пречка и одземање на слободата. Секогаш ме интересирала само и единствено музиката, мојата уметност, а не политиката. Па и политичарите не знаат да прават музика и не научија да пеат во еден глас, тоа е променлива категорија, а оваа мојата останува... Кога во 1989 година се вратив во Македонија, не знаев ниту за една, ниту за друга, ниту за трета партија. Знаев за еден човек што се вика Киро Глигоров, кој вистински ја љуби оваа земја. И тој ми ја врати вербата во иднината. Јас сум пејач на народот, а не на партија. А се' друго се само шпекулации“.

Бидејќи си автор, многу често помислувам дека најмногу емоции можеш да внесеш во она што најмногу го чувствуваш, а тоа се песни со твојот потпис. Сепак, во својата кариера имаш и песни од други композитори, што не ја исклучува можноста да пееш „туѓа“ песна на „Евросонг“?

„Тоа што некој друг ја напишал песната не значи дека песната не е моја. Фасцинантен е моментот кога некој друг ќе допре до твојот внатрешен свет, намерно или ненамерно. И ’Бато‘ не е песна која јас ја напишав, но секогаш луѓето ја идентификуваат со мене. ’Црне руже‘ и ’Бар да си ту‘ се двете песни за кои музиката ја напиша Димитров, човекот со кого соработувам од 2001 година, потоа од албумот „Порака“ тука се Мирослав Рус, Дарко Јурановиќ... веќе разговарав со неколку автори, почнаа да ми пристигнуваат песни и од Белгија, Шпанија, Израел, што значи дека сите можат да учествуваат. Ако песната го има „она нешто“ што мене ќе ме плени, воопшто нема да биде важно чија е“.

Во периодот што е пред тебе ќе се „вооружиш“ со...

„Искрени и храбри луѓе. Стравови немам, одамна се надминати. За неколку дена ќе почнам интензивно да работам, да творам, таму сум најсилна и најмоќна. Таму не може никој да ме оспори и негира, затоа што таму се' е многу вистинско!“


Статијата е прочитана 2147 пати.

Испрати коментар



Викторија Бекам ја доби наградата за „Најдобар дизајнерски бренд“
„Колиба“ и „Галерија“ најдобри угостителски објекти
„Утринска прошетка“ победник на „Анимакс Скопје Фест“
Книга раскази за вистински личности од Владимир Плавевски
Кејт Мос пие поради проблеми во бракот
Почина британскиот режисер Кен Расел
Џорџ Мајкл е болен, нема да настапува до крајот на годинава
(ФОТО) Со поезија осветен Музејот на македонската борба
Дела од Глас, Сати и Мертенс во изведба на Бранка Парлиќ
Куклената „Зрното грашок и принцезата“ по 200. пат
iPhone 4S пристигна во Македонија
(ФОТО) Чомовски го помести МАРС, триумф на Лозано
Недела на турски филмови во Скопје и во Битола
Пејачот на „Ајрон мејден“ веќе не лета
Македонската филхармонија слави 67 години
Рафиниран интернационален музички мозаик
Албум со преработки на Боб Дилан за поддршка на „Амнести интернешнел“
„Три“ ги откупи правата за биографијата на Стив Џобс
Trash for аrt - конкурс за уметничко дело од амбалажен отпад
Французите забранија спот на пејачката од Барбадос
(ФОТО) „Нудизам“ на Станковски ја исполни „Мала станица“
Градот распиша конкурс за фотографија
Фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“
Изложба на кураторски проект на ДВД
Разголени Израелки ја поддржаа голата египетска блогерка
„Нудизам“ на Ацо Станковски од вечерва во Мала Станица
Продор на „Фејсбук“ на пазарот на мобилни телефони
Новиот албум на Кејт Буш носи инспирација
Женскиот квартет „Ролин Фонс“ во Музеј на град Скопје
Австрискиот „Лурд“ победник на „Синедејс“
Бронзена статуа на Личеноски во дворот на средното уметничко
Втор меѓународен фестивал на филмови снимени со мобилен
Калиопи ќе не претставува на Евросонг 2012!
Како навистина умре Натали Вуд
Промовирана „Македонија во транзицискиот тунел“
(ИНТЕРВЈУ) Важно ми е да работам и во Македонија
Викендов две претстави на Скопје танцов театар
Концерт на „Скопје конекшн“ со Ернст Реијзегер на виолончело
Деми Мур - Мојот брак се Качер е готов
Наградата од Лоѓ е значајна за нашата вербa
Ејми Вајнхаус ги напишала сите песни за третиот албум
Промоција на „Кино Неимар“ и „Пит кралски“ од Горан Тренчовски
„Kантон 6“ и „Проект 2501“ на оф-програмата на „Таксират“
Потпишана програма за културна соработка со Кина
Македонски фолклор на Вренцоска во Пекинг
Македонка на финалето на Мис на сите нации во Кина
Списанието „Џи Кју“ ја стави актерката Мила Кунис меѓу мажи
Саша Ефтимова наградена за кореографија во Лоѓ
Голи слики на Кели Брук како доказ за „Твитер“
Сандра Булок во врска со Кијану Ривс
Настапи на Владимир Четкар во Њујорк и Чикаго
Актерот и режисер Лазар Ристовски гостин на „Синедејс“
Ана ги усреќи Пандеви
Мајка и ќерка во реклама за долна облека
Дебелиот Џо на „Таксират“
Награда за „Мајки“ на филмскиот фестивал во Минск
Били Кристал ќе ја води церемонијата на доделување Оскар
Стариот театар ќе стартува со „Вечната куќа“ на Плевнеш
Почина великанот на српското глумиште Петар Краљ
„Рокенрол“ од Приштина најдобра претстава на „Скупи“
(ФОТО) Никогаш не е доцна да се сака Давид Албахари
Почнува 10. фестивал на европски филм „Синедејс“
Зоран Попоски со видео проекции во САД и Русија
Морган Фримен добива Златен глобус за животно дело
Мадона бесна што новата песна и се појави на Интернет
Култниот писател Давид Албахари гостува во Скопје
Стартот на Ал Џезира Балканс нема да се види во Македонија
Ријана не го крие вистинското лице
Турскиот новинар и режисер Џан Дундар, гостин во Скопје
Недела на современ словенечки филм во рамки на „Синедејс“
Нападнат актерот Јовица Михајловски
Кои се голите украински протестантки?
„Кајзер чифс“ доаѓаат на Таксират!
Снимајте филм на мобилен телефон
(ФОТО) Четворен триумф на Лејди Гага
Сирачето од Венецуела стана најубава жена во светот
„Панкот не е мртов“ со награда на фестивалот во Котбус
Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Мадона лансира нова модна линија
„Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Мимоза Несторова Томиќ, вечерва ќе ја прими наградата „Андреја Дамјанов“
Ѓоко Танески доби втора ќерка!
„Битлсите“ го избегнуваат синот на Џон Ленон
„Калигула“ на Зоја Бузалковска во Прилепски театар
Спомен куќата на Тоше пред огромен триумф
Затворската казна за Линдзи Лохан одложена поради „Плејбој“
Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
Промоција на „Црногорска трилогија“ од истакнатиот новинар Драган Николиќ
Заколнатиот ерген Хју Грант стана татко
Отворање на Неделата на францускиот филм
Филмови, музика и многу гости на „Синедејс“
Стартува едукативна програма за танцот кај децата
Прва фотографија од брачната двојка Саркози со ќерката Џулија
Почнува Фестивалот за електронски уметности во МСУ
Тајниот албум на Ејми Вајнхаус излегува на 5 декември
Пикасо и Матис неделава ќе заработат 400 милиони долари
Гоце Смилевски е откровение што доаѓа од Македонија
Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви



Вековна традиција,богат фолклор плус нашата единствена Калиопи следи успех, 28.11.2011 17:35:09
Верувам дека Македонија к�� биде со голем успех со нашата врвна Калиопи. Особено ако има македонска традиција во песната. А јазикот нормално македонски па тоа е натпревар помеѓу различни култури нации и јазици.
koki, 28.11.2011 19:33:14
Odlicno!!! Mnogu dobro!!! Sto da se pravat trosoci bezpotrebno!!!! Uste pesnata da mu ja napisat vo mesniot Komitet na VMRO 0d Kicevo i ete vi go PRVO MESTO.......................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -3°C

Среда
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |