28.11.2011, 14:37 „Колиба“ и „Галерија“ најдобри угостителски објекти
Најдобар ресторан во 2011 година е ресторанот „Колиба“, на второ место е „Уранија“, а третопласиран е ресторанот „Три Бисери“. Најдобра гостилница е „Галерија“, второпласирана е „Лира“, а на трето место е гостилницата „Кај Димитрис“
Ова е исходот од проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, што го организира Град Скопје и Агенцијата „Swot research“, годинава по четврти пат. Изборот на најдобрите се направи по принципот на „мистериозни клиенти“-гости што го истражуваа и оценуваа квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.
Тајната мисија траела еден месец, од 15 октомври до 15 ноември и притоа по три пати биле посетени 50 ресторани и 50 гостилници. При изборот на најдобрите во двете категории биле земени во предвид пет критериуми: прв контакт со гостите, изглед на просторија, услуга на келнери, квалитет на храна и завршен контакт со клиентите. Сопствениците на најдобрите угостителски објекти вчера добија признанија и плакети од градоначалникот Коце Трајановски. (Дс.Т.)
|