24.11.2011, 12:38 Албум со преработки на Боб Дилан за поддршка на „Амнести интернешнел“
Нов албум со преработки на песни од Боб Дилан ќе биде пуштен во продажба во јануари, а остварениот приход ќе биде наменет за организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“
Организацијата соопшти дека сите песни објавени на четири компакт диска ќе бидат нови или досега необјавени верзии на песни од Боб Дилан.
Албумот ќе се најде во продажба на 24 јануари, а ќе биде во продукција на истите луѓе кои работа на албумот со преработени песни од Џон Ленон, чиј приход беше наменет за помош на луѓето од Дарфур.
На албумот со преработки од Боб Дилан ќе работат голем број артисти од 19-годишната Мајли Сајрус до 92-годишната фолк легенда Пит Сегер кој ќе ја пее „Forever Young“.
|