01.12.2011, 13:17 Неверојатен пресврт на Бриж против Марибор
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими играше до 75. минута во дресот на Марибор, кој беше поразен на домашен терен од Бриж со 3:4 во петтото, претпоследно коло во групата Х од Лигата на Европа.
Иако словенечкиот тим водеше со 3:0, гостите прво израмнија на 3:3, а Рој Донк погоди во 90 минута за победа на Бриж, со што се рехабилитира за автоголот во 51. минута.
Резултати од синоќешните натпревари:
Група А: Рубин Казан - Шамрок 4:1, Тотенхем - ПАОК 1:2. Табела: ПАОК 11 бодови, Рубин Казан 10, Тотенхем 7 и Шамрок 0.
Група Б: Стандард Лиеж - Хановер 2:0, Ворскла - Копенхаген 1:1. Табела: Стандард Лиеж 11 бодови, Хановер 8, Копенхаген 5 и Ворскла 2.
Група Ц: Легија Варшава - ПСВ 0:3, Рапид Букурешт - Хапоел Тел Авив 1:3. Табела: ПСВ 13 бодови, Легија 9, Хапоел 4, Рапид 3.
Група Г: Малме - АЗ Алкмар 0:0, Металист - Австрија Виена 4:1. Табела: Металист 10 бодови, АЗ Алкмар 6, Австрија Виена 5 и Малме 0.
Група Х: Брага - Бирмингем 1:0 и Марибор - Бриж 3:4. Табела: Брага 7 бодови, Бриж 7, Бирмингем 7 и Марибор 1.
Група И: Селтик - Атлетико Мадрид 0:1, Рен - Удинезе 0:0. Табела: Атлетико Мадрид 7 бодови, Удинезе 7, Селтик 5 и Р��н 2.
Останатите 12 натпревари од другите шест групи ќе се играат вечерва.
|