02.12.2011, 11:44 Петти фестивал на македонските музички уметници „Златна лира“
Со концерт на триото „В.А.М“ (Владимир Костов - виолина, Александар Котевски - виолончело и Марија Ѓошевска - пијано), вечер во Музеј на Град Скопје ќе биде отворен петтиот фестивал на македонските музички уметници „Златна лира“, што го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ)
„Златна лира“ ќе продолжи в недела, со концертот на дуото од Бугарија и Германија - Марија Евгенија Попова - виолина и Димитар Пенков - виола. На 6 декември ќе настапат Нинослав Димов - саксофон и Рита Трпчева Поповиќ - пијано, а за 8 декември е предвиден концерт „Дуо пијано“ со настап на Татјана Божиновска и Билјана Димовска.
Петтиот фестивал „Златна лира“ ќе биде затворен на 9 декември со концерт на обоистот Томе Атанасов и пијанистката Катерина Гелебешева-Костадиновска.
Идната година на „Златна лира“ ќе биде воведен концерт за премиерна изведба на дело од македонски композитор, што ќе биде специјално напишано за членовите на СМУМ.
|