02.12.2011, 13:56 Гигс пред нов договор во Манчестер Ј.
Управата на „црвените ѓаволи“ стави нова понуда пред Велшанецот, на Гигс му преостанува само да ја парафира.
Најискусниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс (38), може да го продолжи договорот со тимот од „Олд Трафорд“ за една година. Управата на „црвените ѓаволи“ стави нова понуда пред Велшанецот, на Гигс му преостанува само да ја парафира.
Велшкиот интернационалец играше само во 13 меча, но неговите 900 настапи во дресот на Манчестер јунајтед никогаш нема да бидат заборавени. Доколку ја прифати понудата, Гигс ќе биде од голема корист за сер Алекс Фергусон во ловот на уште една шампионска титула во Премиер-лигата.
|