05.12.2011, 10:48 Надал ја обезбеди петтата титула за Шпанија
Тениската репрезентацијата на Шпанија го освои годинашниот Дејвис куп, откако во финалето ја совлада Аргентина со 3-1.
Во решавачки четврти меч, по четири часа и седум минути игра, Рафаел Надал го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 3-1, по сетови 1:6, 6:4, 6:1 и 7:6 и на тој начин ја донесе петтата титула за својата земја. На изненадување на 28-те илјади гледачи во Севиља, аргентинскиот тенисер одлично го започна мечот добивајќи го првиот сет со убедливи 6:1 што наговести дека можеби ќе гледаме решавачки петти дуел. Сепак, во продолжението на мечот Надал успеа да ја пронајде својата игра и успешно да излезе на крај со упорниот Дел Потро.
Финалниот двобој започна со двете победи на Надал и Ферер над Монако, односно Дел Потро со што Шпанија поведе со 2-0. На вчерашниот меч во двојки, Аргентинците ја вратија неизвесноста со победата на Налбандијан и Шванк против Вердаско и Лопез. Сепак, денешната победа на Надал беше доволна за третиот триумф на Шпанија во Дејвис купот во последните четири години, додека Аргентинците го доживеаја и четвртиот неуспех во финалните пресметки.
|