05.12.2011, 10:59 (ФОТО) Тодоров ја презема одговорноста за поразот од Работнички
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров ја понесе одговорноста за поразот од 80:68 на неговиот тим во „вечното дерби“ одиграно синоќа во рамките на 12.коло од Првата македонска кошаркарска лига.
ФОТО: Петр Стојановски
- Дека ќе се случи вакво нешто не можевме да замислиме ниту во сон. Одигравме многу слабо. Не ја знам причината, да ја знаев сигурно ќе реагиравме и ќе ја поправевме играта. Не сакам да издвојувам поединци во пораз. Ја превземам одговорноста, се зборовите на Тодоров по поразот од Работнички.
Од таборот на „аеродромци“ најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе се одлучува околу евентуална смена на тренерското место во тимот, откако по 12 кола МЗТ Скопје има претрпено три порази и за толку заостанува зад лидерот Фени Индустри.
За разлика од Тодоров, причини за задоволство од играта и од резултатот имаше тренерот на Работнички, Марјан Лазовски.
- Ова не е лимитот на Работнички. Јовановиќ одигра само 15 минути и уште му треба време за да се вклопи во екипата, но со неговата посве��еност и максимална борбеност ни помогна многу во борбата под кошевите. Сакам да им честитам на сите играчи, на публиката и на противникот за фер и коректниот натпревар и посакувам во Македонија да има што повеќе вакви средби, истакна Лазовски.
Победа за сигурна четврта позиција на табелата синоќа оствари Лирија над Куманово.
Комплетни резултати од 12.коло во ПМКЛ: Вардар - Фени Индустри 65:83, Кожув - АБА Струмица 91:82, Работнички - МЗТ Скопје 80:68 и Лирија - Куманово 87:78. Слободен во ова коло беше тимот на Торус СЦ Борис Трајковски.
Табела: Фени Индустри 22 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 19, Торус СЦ Борис Трајковски 18, Лирија 17, Работнички 14, Куманово 14, Вардар 13, АБА Струмица 13 и Кожув 13.
|