05.12.2011, 14:34 Меси, Чави или Роналдо кандидати за „Златната топка“
Во седиштето на престижниот магазин „Франс фудбал“ во Париз е објавен скратениот список на кандидати за најдобар фудбалер, Златната топка на ФИФА
На него се наоѓаат Меси и Чави од Барселона и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Меѓу фудбалерките за наградата ќе конкурираат Бразилката Марта, Јапонката Хомаре Сава и Американката Аби Вамбач.
Исто така беа објавени и кандидатурите за најдобри тренери. Тоа се Алекс Фергусон од Манчестер јунајтед, Пеп Гвардиола од Барселона и Жозе Мурињо од Реал Мадрид.
За најубав гол, или за наградата Пушкаш, конкурираат Меси, Нејмар и Руни. Имињата на добитниците ќе се дознаат на гала вечерта во Цирих на 9 јануари.
Златната топка на ФИФА е наградата која настана минатата година со соединување на фудбалерот на годината на ФИФА и Златната топка на „Франс фудбал“. Претходните две години епитетот најдобар фудбалер го понесе Лео Меси. Ако ја освои и оваа награда ќе се израмни со великаните како Платини и Кројф, кои претходно ја освојуваа наградата три пати по ред.
|