05.12.2011, 14:29 Нафтените деривати поевтинуваат за еден денар
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 75 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 76,50 денари за литар, а на Еуродизелот 70,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе се продава по 59,50 денари. Намалување има и кај мазутот кој ќе се продава по 42,19 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 108,4 долари за барел и е за 3,88 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 45,7 денари за долар и е за 1,54 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.
|