27.11.2011, 10:49 Пакистан ќе преиспита договори со САД и НАТО
Пакистанската Влада соопшти дека ќе ги преиспита сите договори со САД и НАТО откако 26 пакистански војници загинаа во воздушен напад во кој учествуваа хеликоптери на НАТО.
Пакистанската Влада ќе ги преиспита „сите программи, активности и аранжмани за соработка...вклучувајќи дипломатски, политички, воени и разузнавачки“, се вели во соопштение на Владата издадено по вонредниот состанок на Комитетот за одбрана со кој претседаваше премиерот на Пакистан Јусуф Раза Гилани.
Во соопштението е наведено дека на припадниците на војската на САД даден им е рок од 15 дена да се повлечат од воздушната база Шамси во провинцијата Балучистан на југозапад во државата.
Со одлуката се затворени сите гранични премини за снабдување на НАТО силите во Авганистан.
Како резултат на таа мерка, околу 300 камиони за НАТО се на граничните премини. Возачите стравуваат дека може да бидат цел на напади на пакистански талибанци. На еден од премините, Торхам лани талибанци уништија 150 каммиони со доставки за НАТО во Авганистан. Тоа се случи откако Исламабад го затвори пунктот за 10 дена по сличен инцидент како оној од вчера во кој загинаа 26-те пакистански војници.
|