27.11.2011, 11:39 Единствена Русија со став - Путин за претседателски кандидат
Врховниот и Генералниот совет на партијата заседаваа утрото и донесоа едногласна одлука Путин да биде предложен за кандидат за претседател
На вториот дел од предизборниот конгрес на Единствена Русија, кој се одржува во Москва, најголемата руска партија ќе ја официјализира кандидатурата на премиерот Владимир Путин за претседателските избори на 4 март идната година.
Врховниот и Генералниот совет на партијата заседаваа утрото и донесоа едногласна одлука Путин да биде предложен за кандидат за претседател со што се исполнети сите предуслови одлуката да биде официјализирана на денешниот конгрес.
Првиот дел од партискиот конгрес беше одржан на 24 септември кога актуелниот претседател Дмитриј Медведев го предложи Путин за кандидат за претседателските избори.
|