01.12.2011, 17:33 Нацистичкото злато мит или реалност
Постојат две верзии како златото на поразените во Втората светска војна завршило во Македонија. Марјан Димитриевски ексклузивно за „Утрински“
Горан Адамовски
Дали е можно толку злато да било скриено во Македонија? Зошто Германците би го скриле кај нас, а не некаде поблиску до нив? Зошто толку време по завршувањето на Втората светска војна не дошле да си го земат? Зарем поранешна СФРЈ не знаела дека на неколку локации во Македонија има скриено тони и тони злато?
Многу прашања ја заинтересираа јавноста по златната треска што ја зафати Македонија. Во делчевското село Бигла и кај Велешко Езеро се трага по стотици тони злато - оставштина на германските војски, кои бегајќи од Грција, ја „затрупале“ Македонија со вредни предмети.
Историчарите се единствени: во ниту еден документ за Втората светска војна не се спомнува дека германските војници при повлекување од Македонија оставиле злато. Сепак, приказни имало од секогаш. Колку се вистинити е работа на слободно уверување.
Професорот Марјан Димитриевски од Институтот за национална историја во Скопје е автор на книгата „Третиот Рајх и Македонија 1941-1945 година“. Делото има два тома: текстуален и со скици. Во нив прецизно се објаснува германското присуство во Македонија во поглед на воениот, сообраќајниот, економскиот и регионален карактер.
„Во книгата се црпени документи од сите архиви во Германија. Треба да се каже оти Македонија поради местоположбата игра важна улога за Германија“, вели професорот Димитриевски, со кого вчера разговаравме во неговиот кабинет.
Најинтересниот дел за нашата приказна започнува во август 1944 година кога фашистичките сили веќе ја губат војната. Околу 350.000 нивни војници остануваат заглавени во Грција. Подготвуваат план и стратегија како да се повлечат оттаму.
Повеќе во печатеното и електронското издание на „Утрински Весник“ |