30.11.2011, 11:44 Ајша Гадафи повика на соборување на власта
Ќерката на поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи, Ајша ги повика сонародниците да ја соборат новата власт во Либија.
Во аудиопораката емитувана на сириската телевизија Ар Раи, Ајша Гадафи 40 дена по смртта на татко и ги повика Либијците да се спротистават на новиот режим „кој дошол на власт со помош на авионите на НАТО“.
Ајша, заедно со нејзините двајца браќа и мајка и по падот на режимот на Гадафи во Либија пребегаа во Алжир.
Повикот на Ајша може да создаде непријатности на алжирските власти, кои ветија дека семејството Гадафи нема да дава изјави, а ако тоа се случи дека можат да го изгубат статусот на бегалци.
|