29.11.2011, 13:25 Хаџи-Васков советник на извршниот директор во ММФ
Досегашниот советник на премиерот за економски прашања и поранешен заменик-министер за економија Методиј Хаџи-Васков е именуван за советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД.
Новaта функција опфаќа советување за економски политики на извршниот директор на Холандската конституенца при ММФ, која во својот состав има 13 земји.
Хаџи-Васков работел како истражувач и доцент по меѓународна економија и финансии на Универзитетот Утрехт во Холандија. Дипломирал и магистрирал на економски науки на Универзитетот Мастрихт во Холандија, а докторирал на Универзитетот Утрехт.
|