04.12.2011, 12:22 „Меланхолија“ на Ларс фон Трир прогласен за европски филм на годината
Европските филмски награди во 17 категории по 24 пат беа врачени на синоќешната церемонија во Берлин.
Европска филмска академија за најдобар филм за 2011 година го прогласи „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Трир.
Европските филмски награди во 17 категории по 24 пат се врачени на синоќешната церемонија во Берлин.
Признанието за најдобра режија го доби Сузана Бир за филмот „Во подобар свет“.
За најдобри актери се наградени Тилда Свинтон („Мораме да разговараме за Кевин“) и Колин Фирт („Говорот на кралот“).
Во категоријата за сценарио наградени се Жан-Пјер и Лик Дарден („Детето со велосипедот“).
Најдобар снимател е Мануел Алберто Кларо („Меланхолија“), сценограф Џет Леман („Меланхолија“), монтажер Тарик Анвар („Говорот на кралот“), композитор Лудовик Бурс („Артист“).
наградата за Европско откритие ја доби дебитантот Ханс Ван Нуфел за белгиско-холандскиот филм „Адем“.
Европската филмска награда за најдобар документарен филм ја доби Вим Вандерс за „Пина“, филм за кореорграфката Пина Бауш.
|