05.12.2011, 11:14 Публиката може да гласа до 10 декември за Избор на сајт на годината
Годинешниот избор за Сајт на Годината 2011 година, во организација на компанијата Медиа Солушнс, ќе биде проследен со презентации и панел дискусии поврзани со развојот на интернетот во Македонија и предизвиците на дигиталниот маркетинг кај нас и во светот.
Настанот ќе се одржи на 20 ти Декември во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје со почеток во 10 часот и 15 минути. Меѓу позначајните гости ќе бидат Alain Heureux, претседател на IAB Europe (Највисоко светско тело за претставување на стандарди и критериуми за интернет маркетинг) и Веселин Ангелов, претставник на компанијата Gemius за Југоисточна Европа (светски лидер во онлајн анализи и статистики), кои ќе настапат со свои презентации.
Манифестацијата е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. На изборот се пријавени 250 сајта, номинирани во девет категории а гласањето од публиката ќе трае до 10 Декември до 23 часот и 59 минути. Потоа петчлено струшно ќири ќе ги одреди победниците од сајтовите кои публиката ги одбрала за свои фаворити. Повеќе информации прочитајте на www.sajtnagodinata.mk.
|