02.12.2011, 12:30 Владимир Георгиевски изложува во „Галерија 8“
Девет дела на сликарот Владимир Георгиевски вечерва ќе бидат презентирани на камерната изложба „Тоа е човекот“ во „Галерија 8“ во Безистен во Старата скопска чаршија.
Отворањето е во 20 часот, а на него ќе говорат ликовниот уметник Коле Манев и актерот Ѓорѓи Јолевски, кој ќе изведе монолог од делото „Бесови“ на Достоевски.
Ова е премиерно претставување во Скопје и пред македонската јавност на изложбата која под истиот наслов, составена од 68 дела, во октомври беше презентирана во Санкт Петербург, Русија, во Литературно-меморијалниот музеј „Ф.М. Достоевски“
Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и „Галерија 8“, ќе биде отворена до 13 декември. (К.Б.)
|