03.12.2011, 14:53 Холандија, Германија и Португалија во групата на смртта
Во Киев со ждрепка беше одреден составот на четирите групи за Европското првенство во фудбал во Полска и Украина следната година.
Кодомаќинот Полска ја доби најслабата група, а групата Б со Холандија, Германија, Португалија и Данска е група на смртта на Европското фудбалско првенство во 2012 година. Полска и Украина како домаќини на шампионатот беа носители на групите А и Д, а европскиот и светски шампион Шпанија и финалистот од СП 2010, Холандија се носители на групите Б и Ц.
Полјаците се најдоа со Русија, Грција и Чешка, а најинтересно ќе биде групата Б каде се Холандија, Германија, Португалија и Данска. Во групата Ц уште во првото коло ќе се сретнат Шпанија и Италија, а во групата Д ќе играат Франција и Англија.
Европското првенство ќе се одржи од 8 јуни до 1 јули во Полска и во Украина и тоа во Варшава, Познањ, Гдањск, Вроцлав, Киев, Харков, Доњецк и Лвов. На отварањето на првенството ќе се сретнат Полска и Грција, а финалето ќе се одигра на 1 јули на Олимпискиот стадион во Киев.
ГРУПА А: Полска, Грција, Русија, Чешка. ГРУПА Б: Холандија, Данска, Германија, Португалија. ГРУПА Ц: Шпанија, Италија, Ирска, Хрватска. ГРУПА Д: Украина, Шведска, Франција, Англија.
Група А
1. коло: Полска - Грција, Русија - Чешка 2. коло: Грција - Чешка, Полска - Русија 3. коло: Чешка - Полска, Грција - Русија
Група Б
1. коло: Холандија - Данска, Германија - Португалија 2. коло: Данска - Португалија, Холандија - Германија 3. коло: Португалија - Холандија, Данска - Германија
Група Ц
1. коло: Шпанија - Италија, Ирска - Хрватска 2. коло: Италија - Хрватска, Шпанија - Ирска 3. коло: Хрватска - Шпанија, Италија - Ирска
Група Д
1. коло: Украина - Шведска, Франција - Англија 2. коло: Шведска - Англија, Украина - Франција 3. коло: Англија - Украина, Шведска - Франција
|