05.12.2011, 12:12 Рен: Европскиот стабилизациски механизам да профункционира до 2012
Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен ги повика лидерите на земјите од еврозоната да се договорат Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) да профункционира до 2012 година, наместо до 2013 година, со цел да се намали должничката криза во монетарната унија.
- Тоа ќе биде многу силен сигнал дека еврозоната може да донесува одлуки кои ја зајакнуваат економската стабилност, истакна Рен.
Тој нагласи и дека е многу важно лидерите на земјите од ЕУ во четврток и петок во Брисел да донесат одлуки кои ќе помогнат во борбата против должничката криза во еврозоната, заштитување на заедничката валута и спречувајќи го продлабочувањето на кризата.
- Точните последици тешко можат да се предвидат, но јасно е дека европската економија на Западот е во рецесија, а опстанокот на еврозоната, онаква каква што е сега, би можел да биде во опасност, објасни еврокомесарот.
Рен најави дека ќе продолжат разговорите за ширење на улогата на Меѓународниот монетарен фонд во решавање на кризата.
|