05.12.2011, 13:10 Зоран Милановиќ на „Марков трг“
За 12 години од член на СДП до лидер и иден премиер на Хрватска
Лидерот на Социјалдемократската партија (СДП) на Хрватска, Зоран Милановиќ кој по изборната победа на „Кукурику“ коалициајта ќе биде новиот хрватски премиер, зад себе има кариера на искусен правник и дипломат, а во политиката активно влезе пред 12 години кога пристапи на СДП, чиј претседател стана во 2007 година.
Милановиќ е роден 1966 година во Загреб, каде заврши Правен факулет. Дипломирал во 1990 година и добил Ректорова награда, а осум години подоцна магистрира право на Европската унија на Фламанскиот факултет во Брисел.
По завршувањето на студиите се вработил како приправник во Трговскиот суд во Загреб, а по приправничкиот стаж во 1993 година почнува да работи во Министерство за надворешни работи, во одделението за меѓународни правни работи.
Една година подоцна заминува во мировната мисија на ОБСЕ во Нагорно Карабах, а за советник во хрватската мисија при ЕУ и НАТО во Брисел е именуван во 1996 година. Три години подоцна, по враќањето во Хрватска станува координатор за НАТО, а од Министерството за надворешни работи заминува во 2004 година на местото помошник минстер за политичка мултилатера.
Политичкиот ангажман на Зоран Милановиќ почнува во 1999 година, кога стана член на СДП. Пет години подоцна дава отказ во Министерството за надворешни работи и станува член на Извршниот одбор на СДП за меѓународна соработка и соработка со други партии.
На десеттата вонредна Конвенција на СДП во 2007 годинае избран за претседател на партијата, а на таа функција повторно е избран една година подоцна.
Во завршницата на евроинтеграцијата на Хрватска, во 2007 година е избран за претседател на Националниот одбор за следење на преговори со ЕУ.
На парламентарните избори во 2007 година избран е за пратеник, по што извршуваше и функцијата претседател на пратеничката група.
„Кукурику“ коалицијата ја формира со Хрватската народна пратија и Истарскиот демократски Собор, а дополнително им се придружи и Хрватската партија на пензионерите.
Активно се служи со англиски, француски и руски јазик, а пасивно со германскиот. Оженет е, татко на двајца синови, а хоби му се трчање и возење велосипед. |