25.09.2011, 11:29 Груевски и Поповски се сретнаа во Бан Ки-Мун во Њујорк
Премиерот Никола Груески и министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.
Министерот Попоски информира дека во разговорите Бан Ки-Мун бил запознаен со приоритетите на Владата на Република Македонија во тековниот период, за реформските напори што се прават, а станало збор и за спорот со името.
- Го информиравме генералниот секратер на ОН за нашата целосна посветеност во процесот кој се одвива под покровителство на ОН и дијалогот кој сакаме дополнително да го интензивираме на сите нивоа, а се однесува на спорот кој нашиот јужен сосед го наметна за уставното име на Реублика Македонија. Изразивме благодарност до генералниот секретар за неговата иницијативност и изработката на извештајот од страна на експертот за национални малцинства на ОН Геј Мекдугал кој се однесува на состојбите на македонското национално малцинство во Република Грција, изјави Попоски по средбата.
Тој рече дека во разговорите Бан Ки Мун бил запознаен и со посветеноста на македонската Влада во процесот кој се однесува на интеграциите во ЕУ и НАТО.
- Го искажавме нашето уверување и посветеност дека имаме можност да ги надминеме преостанатите пречки во рамки на нашите приоритети за остварување на членство во НАТО и ЕУ и оти ќе можеме да се посветиме на посветла иднина во која дополнително ќе развиваме конструктивни и продуктивни односи со сите наши соседи, вклучувајќи го и нашиот јужен сосед, истакна шефот на македонската дипломатија Попоски.
|