26.09.2011, 12:30 Татко го убил синот на спиење
Татко со еден истрел од ловечка пушка вчера изутрина си го застрелал синот додека тој спиел. Убиството, според полицијата, се случило околу 7.10 часот на улицата „4“ во скопското село Огњанци.
Седумдесет и четиригодишниот С.С. најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, ја земал ловечката пушка и истрелал еден куршум во телото на 48-годишниот син Предраг С. кој спиел во спалната соба.
Увид на лице место извршија екипа од СВР- Скопје , истражен судија и јавен обвинител. На местото на убиството е пронајден доказен материјал кој е даден на вештачење. На увидот биле присутни и стручни лица од Институтот за судска медицина и кримиминалистика, а по наредба на истражен судија телото на убиениот е предадено за обдукција. Таткото е приведен, а целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
|