27.09.2011, 08:51 Граничните премини кон Грција повторно блокирани
Поради штрајк на грчките погранични служби, од утрово од 06,00 часот па во наредните 48 часа повторно ќе бидат блокирани сите гранични премини кон Република Грција.
Блокадата ќе биде целосна за сите товарни возила, а патничките возила ќе се пропуштаат на секои два до три часа во времетраење од триесетина минути.
|