26.09.2011, 11:50 Одложена одлуката за стечај на А2
Судот и денеска не донесе одлука- дали ќе поведе стечајна постапка за А2 телевизија.
Судбината на А2 останува неизвесна. Судот и денеска не донесе одлука- дали ќе отвори стечајна постапка за последниот функционален медиум на Велија Рамковски.
Причина за одложувањето на судското рочиште е сеуште неизготвеното вештачење на документацијата.
Според адвокатите на телевизија, процесот веднаш треба да сопре зашто телевизијата ги подмирила сите долгови.
Претставниците на државните институции пак бараат утврдување на законитоста на исплатата на долговите.
Следното рочиште е закажано за 17 Октомври.
|