26.09.2011, 16:16 Укинат имунитетот на Иво Санадер
Мандатно-имунитетната комисија на хрватскиот Сабор му го укина на поранешниот премиер Иво Санадер пратеничкиот имунитет, со што е овозможено продолжување на кривичната постапка против него во случајот на добивање поткуп од унгарската нафтена компанија „Мол“, за да се преземат управувачките права во ИНА.
Барањето го поднесе канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, која и го покрена обвинението против Санадер.
За тоа конечна одлука ќе донесат пратениците на Саборот, кој во среда почнува седница, но досега тие секогаш ја потврдувале одлуката на комисијата.
Во тој случај Санадер кривично ќе се гони за примање десет милиони евра мито од унгарската нафтена компанија, за да без соодветно учество во капиталот овозможи преземање на управувачките права.
Со укинување на имунитетот, се отвора простор на одбраната на Санадер да им се врачи обвинението.
Според еден од адвокатите на Санадер, Јадранка Слоковиќ одбраната по приемот на обвинението ќе испрати одговор за него во кој се остане на тврдењето дека за наводното примање мито нема докази.
Одбраната повеќе пати нагласува дека целиот случај се занова исклучиво на исказот на сопственикот на петрохемиската компанија, Диок Роберт Језиќ, кој со сведочењето дека дал мито исплатено преку неговите швајцарски компании, сакал да ја подоб��и својата позиција во серија други истраги во кои се товари за тешки кривични дела.
Недостигот на докази е еден од приговорите на одбраната и за првото обвинението против Санадер, со кое се товари за воено профитерство, бидејќи за време на војната во 1994 и 1995 година, договорил и примил провизија од кредитот кој австриската Хипо банка и го одобрила на Хрватска.
Мандантно-имунитетната комисија врз основа на обвинението за аферата со Хипо банката му го укина на Санадер имунитетот на 5 септември, а на 9 декември 2010 година му е одземен пратеничкиот имунутет, со цел да му се одреди притвор во рамки на истрагата „Фими медиа“. Обвинението за тоа не е покренато, а тој ден Санадер ја напушти Хрватска, но еден ден подоцна е уапсен во Австрија. Во Хрватска е екстрадиран во јули оваа година.
|