Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.09.2011, 15:21

И за Богов порастот на БДП над очекувањата


Порастот на Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава од 5,3 отсто е многу подобар од очекуваниот од 4,3 отсто.

Ова го изјави гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, во интервју за Гласот на Америка на македонски, истакнувајќи дека оваа година може да се оствари проектираниот раст од 3,5 отсто.

За предупредувањата на експертите на ММФ дека проблемите во дел од земјите од еврозоната би можеле многу брзо да се прошират и на остатокот од Европа, а потоа и во САД, Богов вели дека ефектите од евентуалната криза во еврозоната може да се прелеат во регионот во кој спаѓа и Македонија. „Во периодот на глобализација во која живееме, економиите се испреплетени, како врзани садови, особено во Европа и во САД. Инвеститоририте реагираат веднаш на сите случувања од двете страни на Атлантикот. Многу брзо ќе се пренесет ефектите од евентуалната криза во еврозоната и може да се прелеат во регионот во кој спаѓа и Македонија. Оценките на нашите соговорници се дека Македонија има релативно добри перформанси. Подготвеноста на нашата економија е солидна и е подобра отколку што беше во 2008-ма“, вели гувернерот на НБМ. Тој се согласува со очекувањата на ММФ за економски раст од 3 отсто, како и за инфлацијата која се очекува оваа година да изнесува 4 отсто, а во наредната година да се намали на 3 отсто. „Инфлацијата ќе се намали до крајот на годината, а идната година ќе падне и под 3 отсто. Ние може да гарантираме стабилни цени и ниска инфлација наредната година“, истакнува Богов.





Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар






"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 25°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |